Па Доне, како значаен дел од скаутинг тимот, што би и соопштил на македонската хт комуна во врска со иднината на у20 тимот, дали ни претстои светла иднина, со оглед на тоа дека скаутинг тимот веќе неколку сезони работи во континуитет?
Скаутинг тимот се оформи мислам некаде во август 2007, непосредно по изборот на Јул за бос на младонската репка. Формиран е со цел да ги згрижи надежните играчи за У-20 тимот и да го прати нивниот развој.
Главната точка е тоа што овој тим е „партиски“ независен и во него членови се гигант, војвода, пацер и независни, и долгорочна цел на овој тим е подигање на нивото на ХТ Македонија.
Скаутинг тимот го создаде Јул а позицијата главен скаут ја доби Човече.
Моментално скаути (колку што знам, дека ми заврши сапортерот) се: Јул за голмани, Човече за одбрана, Бојан за плејмејкери, Ултрас за крила и јас за напаѓачи.
Јул како создавач на овој скаутинг тим има огромни заслуги за напредокот на младинската репка, но работите не би биле така како што се без најпосветените скаути Човече и Бојан.
Улогата на Човече во севкупниот развој на овој тим и подигањето на У-20 е огромна. Со акцијата за задржување на потенцијалите кај нас, која тој ја поттикна, на пат сме да го изградиме најсилниот У-20 тим до сега. Единствена слаба точка ни е средината, позиција на која долго време немавме скаут поради надворешна диверзија, но со работата и огромото залагање од страна на Бојан, постепено успеавме да ја пополниме и таа дупка.
Значи акцијата беше успешна и најголемиот број потенцијали завршија кај нас, а посебно ме радува фактот дека голем дел од нив и се тренираат со одлични тренери (нешто што порано беше луксуз кај нас).
Исто така би ги спомнал и Вкусен и РеалХТ за залагањето околку младинската академија и со нивно посредство ги планираме потенцијалите и се уште неизвлечени веќе планираме ја нивната иднина.
Sunday, April 6, 2008
Svetla idnina za U20 nacionalniot tim
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
1 comment:
edna ispravka... i done e eden od najzasluznite... go nema tamu so covece i bojan spomnato... propust na avtorot :P
Post a Comment